IPhone 8 со уникатна нова функција
Лансирањето на iPhone 8 ќе се одржи на 12-ти септември. Се очекува тој да има OLED екран со големина од 5,8 инчи, што ќе ге претвори во најголемиот паметен телефон произведен до овој момент од Apple.
Според расположливите досега информации екранот ќе го зазема целиот преден панел, а ќе достигнува до самите рабови на апаратот.
Копчето Home ќе биде физички заменето со виртуелно копче. Гласините велат дека новиот телефон ќе користи технологија за откривање на лицето за да го идентификува својот сопственик. Досега, ова беше на допир или на отпечаток. IPhone 8 се очекува да чини до 1.000 долари, што е повисоко од цената на претходните модели. Паметниот телефон и неговите придружни уреди ќе бидат достапни во ограничен број бои – злато, сребро и црно.