Гугл му „објави војна“ на Раша Тудеј и Спутник
Објавено на 21 ноември, 2017 во 12:06
Извршниот директор на компанијата „Алфабет“, која е мајка-компанија на пребарувачот Гугл, Ерик Шмит изјави дека Гугл ќе направи посебни алгоритми, со кои вестите на Раша тудеј и Спутник би биле помалку достапни.
– Работиме на откривање и дерангирање на такви веб места – тоа се во основа РТ и Спутник, истакна Шмит на меѓународниот безбедносен форум Халифакс во Канада.
Според него, компанијата е свесна за пропагандата и се обидува да програмира систем кој ќе спречи такви содржини да пристигнуваат до широката јавност, но не сака овие интернет страници да бидат забранети.
Раша тудеј упати критики за најавениот потег на Гугл.