Норвешка ќе има електрични авиони
Додека многу земји се обидуваат возилата на фосилни горива да ги заменат со електрични, па така трката за кој побрзо и кој повеќе станува жешка, Норвешка оди чекор понатаму и планира да воведе електрични авиони и тоа до 2030 година, а од година почнува со пробни летови на помали авиони.
Авионскиот оператор Avinor вели дека Норвешка ќе стане првата земја во која електричниот авиопревоз ќе има голем удел во превозот.
За таа намена тие порачаа авион Alpha Electro G2 од фабриката Pipistrel во Словенија, која примарно ќе биде употребуван за демонстрација.
Може да помине далечина од 130 километри а максимално може да лета еден час. Планирано е да пристигне во мај следната година.
Avinor верува дека комерцијалните летови на електричен погон можат да станат реалност до 2030 година.
„Електричните летала ќе ја сменат животната средина и ќе се намали загадувањето од комерцијалните летови. Може да биде и поевтино, затоа што изработката на некои електрични летала е далеку поевтина“, вели директорот на Авинор Даг Фалк-Петерсон.