Создаден прв здрав алкохолен пијалок
Научници направија прв здрав алкохолен пијалок на светот користејќи тофу. За време на производството на тофу, популарна азиска храна, вишокот сурутка останува како отпад и ја загадува околината.
Научниците од Националниот универзитет во Сингапур одлучија да направат пијалок од неа и го нарекоа сачи. Низ процес на ферментација жолтеникавата течност ја претворија во алкохолен пијалок, а процесот траеше три месеци.
Во сурутката додадоа шеќер, киселина и квасец, вкусот е цветно-овошен, а содржи осум отсто алкохол. Освен што има одличен вкус, наводно поседува многу здрави состојки.
Бидејќи тофу се прави од соја, содржи високо ниво хранливи состојки, додека сурутката обилува со калциум.
Новиот пијалок има одлични предности како здравје на коските, срцето и превенција од рак. Пијалокот има рок на траење од четири месеци, а се работи тој да се продолжи двојно без додаток на конзерванси.