НАСА откри сончев систем со осум планети
НАСА пронајде сончев систем со планети колку нашиот. Откритието на нова планета близу ѕвездата Кеплер-90, која личи на нашето Сонце, значи дека далечниот сончев систем има вкупно осум планети. Тие осум планети изгледаат како оние во нашето соседство, карпести планети кои орбитираат близу до ѕвезда, и џиновски планети кои се пооддалечени.
Ѕвездата и сончевиот систем беа веќе познати, но големото откритие дојде откако астрономите открија нов свет со помош на технологијата со вештачка интелигенција на Гугл.
Компјутер кој беше дизајниран за да пребарува низ податоците од телескопот на Кеплер и да бара сигнали кои би можеле да припаѓаат на планети, најде две нови планети во постоечкиот систем, детектирајќи сигнали кои се чинеа значајни, но беа премногу слаби за да бидат забележани од луѓето.