Паметен часовник работи со помош на топлината од човечкото тело
Објавено на 9 јануари, 2018 во 09:19
Ако сакате smartwatch, но не и уште еден уред кој треба да го полните, постои решение, а тоа е PowerWatch X кој работи со помош на топлината од телото.
Компанијата Matrix Industries првиот модел на паметен часовник PowerWatch го претстави во 2016 година, тврдејќи дека тој користи термоелектричен конвертор на енергија за да се полни од вишокот телесна топлина. Меѓутоа, часовникот до сега беше ограничен и имаше само основни функции за следење на перформанси од фитнес.
Годинава компанијата направи нов модел кој е значително понапреден, а прикажува и нотификации кои стигнуваат на паметниот часовник, поврзувајќи се со блутут уред.
Паметниот часовник е изложен на Consumer Electronics Showu, а неговата цена изнесува 249,99 долари.