Отворено писмо до „Apple“: Имате моќ, реагирајте!
Акционери го предупредуваат менаџментот на компанијата “Apple” да се концентрира на проблемот со детската зависност од мобилни телефони поради стравот дека развојот на технологијата ќе ја уништи младата генерација.
Предупредувањето го издале двајца акционери кои изразиле загриженост поради сè поголемата зависност од мобилните телефони и социјалните мрежи во најраниот период од животот.
“Постои консензус кој се усвојува ширум светот, вклучувајќи и во Силиконската долина, дека уште сега треба да работиме на потенцијалните последиците од новата технологија. Ниедна компанија не може да пренесе одговорност на некоја друга. “Apple” би можел да одигра клучна улога, сигнализирајќи ѝ на индустријата да обрати внимание на здравјето и развојот на новите генерации”, се наведува во отвореното писмо.
“Jana Partners” и “California State Teachers” поседуваат акции во “Apple” во вредност од 2 милијарди долари.
Инаку, и починатиот Стив Џобс бил загрижен поради времето кое неговите деца го поминуваат пред своите уреди, па затоа и самиот им ја ограничувал употребата на интернет и телефони.