ФБ: Социјалните мрежи можат да бидат опасни за демократијата
Социјалните мрежи можат да бидат опасни за демократијата, призна “Фејсбук”, и увери дека прави се што е можно за да го ограничи овој ризик.
“Иако и во душата сум оптимист, не ја занемарувам штетата што интернет може да предизвика дури и во една добро функционална демократија”, рече еден од раководителите на социјалната мрежа Самид Шакрабарти кој одговара за граѓанската ангажираност на “Фејсбук”.
Социјалната мрежа “Фејсбук” повторно призна, како што веќе го направи нејзиниот шеф Марк Цукерберг на почетокот на јануари, дека во 2016 година е потценета неговата улога во ширењето на лажни вести и дека не бил доволно ефикасен во борбата против информации со сомнителна веродостојност, кои циркулираат во мрежата. “Фејсбук” со месеци е критикуван за тоа и не престанува да се извинува и да ветува дека ќе си ја поправи оваа грешка.
Една од главните обвинувања дојде во текот на истрагата во САД за евентуална интервенција на Русија во предизборната кампања за претседателските избори во 2016 година Москва беше осомничена дека користела социјалните мрежи, за да влијае на избирачите. Овие обвинувања биле силно отфрлени од страна на Русија.
“Социјалната мрежа со над 2 милијарди корисници не е премногу за фактот дека злонамерните луѓе ја користат нашата платформа за да ни наштетат”, рече Шакрабарти. Тој, сепак, увери дека компанијата работи енергично за да ги неутрализира овие ризици.
Фејсбук објави две големи промени кои ќе го променат присуството на информации во “фидот”, секој корисник ќе има персонализирана домашна страница за да го подобри квалитетот на содржината.
Изворите на информации кои се сметаат за сигурни од страна на самите корисници ќе бидат преферирани.
Извор: АФП