Spice X ја лансира својата најголема ракета во која носи и автомобил „Tesla“
Објавено на 7 февруари, 2018 во 19:22
Американската компанија „Спајс Екс“ синоќа по извесно одложување поради силен ветер, успешно ја лансира својата најголема ракета досега, а во орбитата околу Сонцето заедно со неа полета и црвен спортски автомобил „Тесла“.
Ракетата „Фалкон Хеви“ е лансирана од Вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида, од истата платформа која НАСА ја користеше во 1969 година за историскот проект Аполо 11, односно првата мисија на испраќање луѓе на Месечината.
Најсилната ракета треба да овозможи носење потешки предмети, како и поброен човечки екипаж на Месечината или на Марс.