Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Никој не сака да плаќа за смартфон апликации, дури ни оние кои имаат повеќе од доволно пари за трошење. Некои од овие апликации се корисни, други пак се неопходни, но секоја од нив ќе ви го направи искуството на поседување iPhone поубаво.

Дел од овие апликации се достапни и за Android, но бидејќи денеска се фокусираме на корисниците на iPhone, ќе зборуваме само за нив.

Pocket
Една апликација која ја имаме споменато и претходно. Pocket e идеалната апликација за вас доколку немате доволно време да ги прочитате сите статии и артикли на интернет наутро. Со Pocket, ќе можете истите да ги зачувате и да ги прочитате подоцна, дури и ако не сте поврзани на интернет.

Nuzzel
Ако често го посетувате Twitter за да се информирате за случувањата од светот, пробајте ја Nuzzel. Тоа е апликација која ги собира сите вести кои ги споделиле вашите пријатели и следачи и ги става на едно место за полесно да одберете што сакате да прочитате. Одличен начин да се почне денот без да скролате низ Twitter со часови.

Signal
Доколку мислите дека СМС пораките или комуницирањето преку Messenger не е доволно безбедно, тогаш Signal е вистинската апликација за вас. Алатка за комуникација во која пораките од меѓусебниот разговор имаат можност да ги видат само двете лица кои се дел од него и никој друг.

Overcast
Во последните неколку години е сѐ поголем бројот на луѓе кои слушаат подкасти, што пак предизвика популаризирање на оваа алатка како начин на изразување. Overcast е апликација која е дизајнирана за слушање на подкасти и е комплетно бесплатна. Покрај тоа, не постои подобар начин да слушате подкаст на iOS уред од Overcast, така што сметајте го ова како врвна препорака.

MyFitnessPal
Одржувањето на добар режим на исхрана е многу тешка задача, посебно ако по цел ден работите, а сакате навечер да вежбате дома или во теретана. Затоа е тука MyFitnessPal, апликацијата која ќе ви покаже што точно внесувате во телото, колку калории има секое јадење и ќе ви помогне да се храните здраво.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.