Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Откако HMD Global го прероди брендот Nokia, носталгично настроените корисниците очекуваат вистински предводник, кој може да се соочи директно против топ модели како оние на Samsung и Apple. И се чини дека оваа улога ќе падне на новиот Nokia 9.

На интернет се појави листа на техничките параметри на новиот модел, од кој се забележуваат доста љубопитни нешта.

Прво, камерата очигледно ќе биде брендирана со брендот Zeiss и ќе има три сензори. Тоа изгледа логично, со оглед дека неодамна Huawei P20 Pro ги собра овациита за таква конфигурација. Тука трите камери се соодветно основна, телефото и монохроматска со 41 MP, 20 MP и 9.7 MP, што е доста слично со предлогот на Huawei. Основната 41 МР камера ќе има f / 1.5 – f / 2.4 бленда, слично на Galaxy S9 +.

Не треба да го пропуштиме и споменувањето на ксенонски блиц, кој генерира моќни импулси со температура на боите, блиска до сончевата светлина. Имајќи предвид дека, сепак, физичките параметри на моделот се дадени како 150.6 x 75.2 x 7.3 mm, а ксенонските модули обично се доста големи, не е јасно дали тоа е веродостојна информации. Кажано попросто, при дебелина 7.3 милиметри Nokia 9 ќе биде премногу тенка за ксенон и LED блиц истовремено.

Останатите параметри се дополнуваат од 6.01-инчен QHD OLED дисплеј со однос 18: 9, Snapdragon 845 чипсет, IP68 сертификат, скенер за отпечатоци, 3900 mAh батерија и задолжителниот Android 8.1 Oreo.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново