Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Австралискиот премиер Малколм Трнбул денеска го повика основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг да даде објаснување во врска со најновиот скандал со дотавување на лични податоци на корисниците на социјалната мрежа на кинески компании.

„Фејсбук“ во вторникот призна дека има договори за размена на податоци на неговите корисници со најмалку четири кинески компании.

– Постои голема загриженост дали „Фејсбук“ го почитува неприкосновеното право на приватност. Ќе барам Фејсбук да биде сослушан од нашите парламентарни комисии, изјави Трнбул, додавјќи дека би бил среќен доколку на тие сослушувања за појави самиот Закерберг.

Потпретседартелот на заедничката Комисија за разузнавање и безбедност на двата дома на австралискиот Парламент, Ентони Брн оцени дека „Фејсбук“ ќе треба да им објасни на 15-те милиони свои корисници од Австралија зошто нивните лични податоци ги споделил со кинеските компании.

– Сакам да дознаеме зошто Закерберг дозволил тоа да се случи. Ако треба ќе го повикаме јавно да сведочи пред комисијата, нагласи Брн.

Барањата од Канбера доаѓаат во време на зголемени тензии во однсите меѓу Австралија и Кина, откако австралиските власти изразија сомнеж за кинеско мешање во работата на нејзинте разузнувачки служби.

Кинеските компаните на кои „Фејсбук“ им доставувал податоци на неговите корисници се „Хуавеи“, „Леново“, „Опо“ и Ти-Си-Ел, кои добиле пристап до базата на социјалната мрежа преку „контролиран“ начин одобрен од самата компанија

„Хуавеи“, кој е трет по големина производител на смартфони во светот, претставници на американското разузнавање го посочија како закана за националната безбедност на САД, поради тврдења поврзани со начинот на кој постапува со личните податоци.

„Фејсбук“ тврди дека пристапот до податоците бил неопходен за да можат корисниците да ги користат сите функции на апликациите за паметни телефони.

Последниот скандал поврзан со „Фејсбук“ доаѓа само неколку недели откако Закерберг беше сослушан во Конгресот на САД во врска со доставувањето на податоците на околу 87 милиони негови корисници на консултантската фирма „Кембриџ Аналитика“, која меѓу другото работела и на кампањата на американскиот преседател Доналд Трамп за изборите во 2016 година.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.