Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

tumor fin

Јапoнски научници смислија уред кој може да се вгради во телото и притоа да помогне во уништувањето на голем број клетки на туморите. Фотодинамичната терапија, која веќе се користи за лечење одредени врсти рак, се базира на користење светлина за убивање на клетките. Докторите емитуваат светлина со висок интензитет и одредена боја на зафатените ткива и така ги уништуваат клетките на ракот, пишува Zimo.
Проблем може да настане ако туморот се наоѓа во орган кој се движи, затоа што може да дојде до нерамномерно осветлување, односно тешко се контролира дозата. Ако е премногу мала, третманот нема да даде резултати, а ако е преголема, може да оштети здраво ткиво.

Тошинори Фуџи и неговите колеги од Универзитетот Васеда во Јапонија развија уред кој може да ја усоврши оваа метода и треба да се вгради во телото. Се состои од ЛЕД чипови кои се напојуваат со NFC, истата технологија која се користи за бесконтактно плаќање, за да нема потреба во телото да се вградуваат батерии.

Кога тимот го ставил уредот под кожата на глувци кои имале тумори, на местото го прицврстиле со наноплочи. Така можеле да ги осветлуваат туморите до 10 дена, користејќи светло 100 пати послабо отколку во фотодинамичната терапија.

Глувците добивале лек „фотофрин“, кој ги правел клетките поосетливи на светлина, а потоа примале терапија со црвено или зелено светло. Растот на туморите значително се намалил кај глувците кои добивале терапија со црвено светло, а уште поголем бил ефектот кај глувците кои биле осветлувани со зелена светлина.
Фуџи вели дека уредот може да биде особено корисен за лечење рак кај осетливи органи како што е мозокот, каде што радиотерапијата и операцијата се ризични.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново