Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

google fin

Google често е дискутиран од корисниците и експерти од областа, бидејќи пребарувачот стана составен дел од животот на многумина. Компанијата, всушност, го прави светот подобар, а потврдата е уште една нова функција – Google издаде нова команда, која можете да ја поставите на Асистентото. Таа гласи:

„Google, кажи ми нешто позитивно“.

Како одговор на оваа команда, Асистентот ќе прикаже листа на позитивни вести.

Сите ние сме навикнати аа читаме на интернет негативни информации. Нешто експлодирало некаде, некој некого убил и така натаму. Негативните вести секогаш се присутни, а за медиумите се чини дека тие се приоритет.

Негативното подесување доведува до проблеми со психата на корисниците, тие почнуваат да ги избегнуваат вестите или сами да се претвораат во извори на негативност.

Колку помалку знаете, толку подобро спиете.

Google има намера да ја поправи ситуацијата. Сега корисниците можат да примаат само позитивни вести користејќи команда. На овој начин, компанијата сака да го балансира протокот на информации, така што потрошувачите нема да мислат дека светот ќе заврши.

Новата опција моментално е во американскиот режим за тестирање. Таа потоа ќе биде достапна за повеќе корисници.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

15 (петнаесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/03/2019 година.