Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

volcvagen fin

Едно од главните прашања што малку ја успорува уште поголемата експанзија на електричните автомобили е зголемувањето на бројот на станици за полнење. Volkswagen има решение.

Германскиот гигант е целосно фокусиран на EV сегментот, па воочи лансирањето на сопственото I.D. семејството, исто така, развил систем за полнење електричните автомобили.

VW решението го гледа во мобилни станици инспирирани од Power bank надворешните батерии за мобилни телефони.

Пилот проектот на Volkswagen ќе започне со работа во родниот град Волфсбург на почетокот од оваа година, а најавено е дека секоја станица ќе има капацитет од 360 kWh со два полначи со симултана и наизменична струја.

Германците тврдат дека една станица ќе може да наполни околу 15 EV автомобили, четири во исто време, а самата може постојано да се надополнува со моќност од 30 kW преку поврзување со стандардната електрична мрежа.

Овие мобилни станици, VW ги гледа како решение за локации со лоша инфраструктура. Сериското производство се очекува од 2020 година и е најавено како еден од клучните фактори за успех на I.D семејството на електрични автомобили на Volkswagen.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново