Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

radiosignali fin

Астрономите открија детали за мистериозните сигнали емитувани од далечна галаксија, што лани беа примени од телескоп во Канада.

Точните природа и потекло на радиобрановите не се познати, но астрономите посочуваат на многу необичен повторувачки сигнал што доаѓа од истиот извор, оддалечен 1,5 милијарди светлосни години. Ваков настан досега бил регистриран само уште еднаш, од друг телескоп.

„Знаејќи дека има уште еден, значи дека би можело да ги има и повеќе. Ако имаме повеќе повторувачки сигнали и извори за проучување, би можеле полесно да ги разбереме овие космички загатки, од каде доаѓаат и што ги предизвикува“, изјави Ингрид Стерс, астрофизичар од Универзитетот Британска Колумбија.

Опсерваторијата ЧИМЕ се состои од четири 100 метри долги и полуцилиндрични антени, кои го скенираат целото северно небо секој ден.

„Откривме втор повторувачки сигнал и неговите својства се слични на првиот. Тоа ни кажува повеќе за својствата на овие сигнали како популација“, вели Стерс.

Една од теориите е дека сигналите доаѓаат од високомагнетизирана брзоротирачка неутронска ѕвезда.

Извор: СДК

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново