Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mobtelefoni fin

Huawei денес официјално го претстави својот нов 5G чипсет Balong 5000 заедно со својот прв 5G уред – Huawei 5G CPE Pro. Двата производи заедно го воведоа најбрзото безжично решение за вашиот паметен телефон и останатите уреди во вашиот дом или канцеларија.

Balong 5000 официјалано ја поставува новата ера на 5G технологијата. Освен смартфоните, чипсетот поддржува широк спектар на 5G производи, вклучувајќи ги и монтираните уреди во автомобилите. Чипсетот ги отвора вратите за сосема нови сценарија базирани на 5G технологијата.

„Balong 5000 им открива на потрошувачите еден нов свет“, изјави Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group. „Овој чипсет ќе го подобри квалитетот на услугите и ќе обезбеди брза конекција за функционирање на вештачката интелигенција. Huawei 5G CPE Pro им нуди на потрошувачите подобар пристап до интернет и неверојатна брзина на прегледување.

Huawei нуди интегриран спектар на услуги во областа на чипови, уреди, cloud услуги и мрежи. На оваа основа и како лидер во сферата на 5G технологијата, ќе им обезбедиме на потрошувачите инспиративно и интелигентно корисничко искуство кое ќе има влијание во секој аспект од нивниот живот “, додаде Ју.

Balong 5000: Смело навлегување во ерата на 5G

Со висок степен на интеграција, Balong 5000 поддржува 2G, 3G, 4G и 5G на еден чип. Тоj ефикасно ја намалува латентноста и потрошувачката на енергија на размена на податоци во различни режими и значително го подобрува корисничкото искуство во раните фази на распоредување на 5G технологијата. Balong 5000 бележи многу важен момент во историјата на развојот на чипсетови од серијата Balong.

Balong 5000 е првиот чипсет со забележани врвни резултати за брзина на преземање податоци од 5G технологијата. Со фреквенција помала од 6 GHz (спектар со ниска фреквенција, главно користен за 5G мрежите),

Balong 5000 може да постигне брзина на преземање од 4,6 Gbps. Balong 5000 може да постигне брзина на преземање од 6,5 Gbps – 10 пати повисока од најдобрата 4G LTE брзина во моментов достапна.

Balong 5000 е исто така првиот чипсет кој поддржува 5G мрежни архитектури од типот SA и NSA (самостојна и несамостојна архитектура). При NSA, 5G мрежата се гради над веќе постоечката 4G LTE мрежа, додека при SA, како што и кажува називот, станува збор за целосно независна архитектура. Флексибилноста на Balong 5000 овозможува задоволување на потребите на операторите, без разлика во која фаза се развиваат нивните 5G мрежи.

Balong 5000 е првиот чипсет кој поддржува Vehicle to Everything (V2X) комуникација, обезбедувајќи ниска латентност и сигурни решенија за автомобилите поврзани со интернет врска. 5G смартфоните на Huawei, засновани на Balong 5000, ќе бидат прикажани на овогодинешното издание на “Mobile World Congress” во Барселона.

Huawei 5G CPE Pro: Менување на корисничките искуства во домашните интернет мрежи

Базиран на Balong 5000, Huawei 5G CPE Pro исто како што ја поддржува 4G мрежата, така ја поддржува и 5G мрежата. Во 5G мрежата, висококвалитетна видео-датотека од 1GB може да се презема за три секунди, а 8K видео може да се проследува без попречувања. Тоа поставува нов стандард за домашните интернет мрежи. Покрај тоа, Huawei 5G CPE Pro може да се користи од страна на малите и средни претпријатија кои имаат потреба од супер брза интернет конекција.

Поддржувајќи ја новата Wi-Fi 6 технологија, Huawei 5G CPE Pro испорачува до 4,8 Gbps. Тоа е првиот 5G CPE за поддршка на Huawei HiLink протоколите воведувајќи ја во домовите новата 5G ера.

Поврзани вести

E baner

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2019 година.

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2019 година .

Најново