Поевтините верзии на „iPad“ – 2019, нема да имаат „Face ID“
Apple ја подготвува премиерата на новата генерација на таблети, која се очекува да понуди најмалку шест нови модели. Нови информации се појавија на интернет, откривајќи малку повеќе детали за плановите на компанијата. Според базата на податоци, четири од претстојните таблети, со кодно име „iPad11.1, iPad11.2, iPad11.3, и iPad 11.4“, нема да го поддржат системот Face ID. Наместо тоа, горенаведените модели ќе се потпираат само на функцијата Тоuch ID, објавија од „pocketnow“.
Сигурно уредите за кои станува збор се буџетските верзии на iPad (2019), што ќе ги видиме подоцна во текот на годината. Недостатокот на системот FaceID е гаранција дека таблетите ќе имаат Home копчиња со вградени сензори за отпечатоци. Ова значи дека ние веројатно нема да станеме сведоци на големи подобрувања на дизајнот во уредите. Потсетуваме дека Apple ќе претстави iPad mini 5 и iPad mini 7 во првата половина од 2019 година. Аналитичарите, исто така, очекуваат промоција на ажурираната верзија на iPad Pro, која ќе поддржува Face ID.
Оваа информација е дел од отворениот код на следната бета верзија на платформата iOS 12.2, која веќе е тестирана од програмери. Очигледно поевтините верзии на уреди нема да понудат Face ID. Ако сте обожавател на технологијата, ќе треба да купите некои од премиум iPad конфигурациите (2019). Прерано е да се коментираат другите технички спецификации и цената по која ќе започне продажбата на европскиот континент.