Уред што WiFi ја претвора во струја
Научниците објавија неверојатна вест – измислија уред кој би можел да не ослободи од мноштвото полначи и тоа така што ќе ја собира енергијата од WiFi сигналот и ќе ја претвора во струја, пишува Science Alert.
Во иднина, уредот само ќе ја собере енергијата, туку ќе може да ја претвори во електрична енергија која ќе можи да се користи а полнење батрии на други уреди.
Се работи за ткн. ректена, поточно за исправуваќка антена која електромагнетната енергија ја претвора во еднонасочна струја (DC). ЅТимови научници од МИТ и од Техничкиот универзитет во Мадрид успеаја да ја конструираат антената на таков начин да електричните бранови, како Wi-Fi сигналите, ги фаќа како бранови на наизменична струја(AC).
Нив ги праќа во двосимензионален полуспроводник кој ги претвора во еднонасочна струја, при што се произведуваат околу 40 микровати струја. Не делува многу, но тоа е доволно да се осветли ЛЕД светилка.
Со оглед на тоа дека ректената е флексибилна, може да се постави на поголеми или помали површини, како тапет или малите мобилни телефони.
Ова не е прв уред кој може да ја претвори WiFi во електрична енергија. Идејата е тука од поодамна и многу инженери се занимаваат со тој проблем. Во овој случај иновативна е употребата на друг материјал кој служи како исправувач, дел кој ја претвора AC во DC, со што е постигнато значително подобрување во раџвојот на технологијата.
Во флексибилната ректена, научниците користеле молибден дисулфид (MoS2). Дебелината му е само три атоми, а кога е изложен на одредени хемикалии, предизвикува фазен премин меѓу полуспроводникот и метален материјал.
„Таков дизајн овозможува создавање на потполно флексибилен уред кој истовремено е доволно брз да ги фаќа сигналите кои ги користи нашата електроника, вклучитлено и WiFi, Bluetooth и многу други“, објасни инженерот Су Жанг од МИТ.
Со оглед на тоа дека оваа техника финансиски е исплатива, може да се користи на големи површини. Тим научници сега работи на изградба на поголеми системи и на подобрување на корисноста на својота ректена.