Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

galaksi fin

Компанијата „Samsung“ најави нова „Galaxy A“ серија, пуштајќи на пазарот два нови паметни телефони со иновации кои ќе бидат примените на нивните нивни модели, почнувајќи од средната класа на уреди.

Смартфоните „A30“ и „A50“ нудат подобрувања на најважните функции на уредите, вклучувајќи ги корисничкото искуство, екранот, долготрајните перформанси и камерата која го „црта“ светот онака како што го гледаат вашите очи.

„Посветени сме на тоа да им пружиме на корисниците што подобро мобилно искуство, а иновациите започнуваат со надградената серија „Galaxy A“. Луѓето го менуваат начинот на кој се поврзуваат, а нивните телефони мора да ги следат во чекор“, изјави Ди Џеј Кох, претседател и извршен директор на одделот за „IT“ и мобилни комуникации на „Samsung Electronics“.

Со серијата „Galaxy A“, корисниците без проблеми ќе можат да го испробаат екосистемот на „Galaxy“ користејќи услуги, како „Samsung Health“, „Samsung Pay“, „Bixby“ и многу други.

Камерата на моделот „Galaxy A50“ со системот од три камери ќе ви го покаже светот онака како што го гледате вие, бидејќи е дизајниран да го имитира она што го гледа на ист начин како и човечкото око. Главната камера е идеална за фотографии и видеа на дневна светлина и таа доаѓа во пакување од 25 мегапиксели.

Од друга страна, моделот „A30“ е дизајниран за оние кои се постојано во движење, бидејќи носи многу моќна батерија од 4.000 mAh. Екранот „Super AMOLED Infinity-U“ од 6,4 инчи е наменет за корисниците кои уживаат во гледање видеа, филмови и играње видеоигри, а едноставниот пристап на отклучување на телефонот може само да го збогати корисничкото искуство.

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

banerknigovodstvo

Најново