Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

FB finglas

Facebook работи на гласовен асистент, кој ќе се натпреварува со Alexa на Amazon, Siri на Apple и со Google Assistant, тврдат неколку извори запознаени со прашањето, цитирани од CNBC. Социјалната мрежа подоцна ја потврди веста.

Технолошката компанија работи на овој нов проект од почетокот на 2018 година. Напорите се поврзани со работата на тимот, кој се занимава со додадена и виртуелна реалност, оддел кој се занимава со хардвер, вклучувајќи и со очилата за виртуелната реалност Oculus.

„Работиме над развојот на говорни технологии кои може да послужат за нашето заедничко семејство производи за виртуелната и додадена реалност, вклучувајќи за Portal, Oculus и идни производи“, појаснува портпаролот на Facebook пред The Verge и Ројтерс.

Тим со седиште во Редмонд, Вашингтон, се грижи за развојот на новиот асистент со вештачка интелигенција, тврдат двајца поранешни функционери кои ја напуштиле компанијата во последните месеци.

Лидер на претпријатието е Ајра Снајдер, директор на додадена / виртуелна реалност и Facebook Assistant. Тимот е во контакт со добавувачи на паметни звучници, велат два извори.

Се уште е јасно кога Facebook очекува корисниците да добијат пристап до асистентот, но може да се користи на паметните звучници за видео-чат Portal, во Oculus или други идни проекти.

Сепак, асистентот ќе се соочи со голема конкуренција. Amazon и Google се многу понапред од паметните звучници и држат 67% и 30%, соодветно, во САД во 2018 година, според eMarketer.

Во 2015 година Facebook објави асистент за вештачка интелигенција за апликацијата Messenger, наречен М. Тој требаше да им помогне на потрошувачите со паметни препораки, но проектот многу зависеше од помошта на луѓето и никогаш не стекна популарност. Facebook официјално се откажа од него минатата година.

Во ноември, компанијата започна со продажба на уредите за видео-чат Portal, кои им овозможуваат на корисниците да прават видео повици преку Facebook Messenger.

 

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново