Новиот Opel Vivaro e прогласен за интернационално електрично комерцијално возило за идната 2021
23.12.2020
Новиот Opel Vivaro-е е избран за интернационално елекрично комерцијално возило од 24 новинари и издавачи. Ова е втор победник во рок од две години – Opel Combo ја освои наградата интернационално комерцијално возило во 2019 година.
„Ние сме многу горди што новиот Vivaro-e е избран за интернационално комерцијално возило за 2021 година“, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.
„Би сакал да им се заблагодарам на стручното жири на IVOTY за оваа награда која е најпрестижна и најпосакувана, во секторот на лесни комерцијални возила. Vivaro-e поставува нови стандарди во својот сегмент на пазарот и ја води електрификацијата во гамата на лесни комерцијални возила на Opel. Следната година ќе ја додадеме ознаката „е“ на Combo и Movano, кои ќе бидат целосно електрифицирани пред крајот на 2021 година! Денес, Opel забрзано ја електрифицира целата своја гама, со веќе достапни шест модели како електрични или хибридни. До 2024 година ќе имаме електрифицирани верзии на сите наши патнички и лесни комерцијални возила“.
Мите Јаначков