Ретка појава: Прстенот на Ајнштајн фотографиран во вселената
30.12.2020
Вселенскиот телескоп Хабл неодамна сними неверојатна глетка на небото – совршен пример за Прстенот на Ајнштајн.
Официјалното име на овој астрономски феномен е GAL-CLUS-022058s, но ова разговорно име, како и прекарот „стопен прстен“, многу подобро објаснуваат за што станува збор.
Според Universe Today, овој феномен, познат и како гравитациона леќа, навистина изгледа како прстен од стопен метал, а се работи за соѕвездието „Хемиска печка“, во кое светлината на екстремно далечната галаксија витка многу поблизок збир на галаксии. Феномен поради кој можеме да видиме предмети невидливи за нас.
Една од предностите на гравитационата леќа е што научниците можат многу подобро да ги проучуваат далечните галаксии, што не можевме да ги видиме на кој било друг начин. Поблиските галаксии делуваат како природни космички леќи, виткајќи ги патеките на светлината благодарение на нивната гравитација.
Според НАСА, овој новооткриен GAL-CLUS-022058 е најголемиотПрстен на Ајнштајн некогаш откриен во нашиот универзум. Патем, тој е именуван по Алберт Ајнштајн, бидејќи, во рамките на неговата општа теорија на релативност, тој претпостави дека такви гравитациони леќи постојат.
Мите Јаначков