Британците ќе испратат „робот“ да ја истражува Месечината
Објавено на 4 јануари, 2021 во 09:25
4.01.2021
Тие сакаат да испратат ровер на површината на природниот сателит на Земјата, каков што досега не е виден – наместо тркала, тој би имал нозе.
Според Science Focus, малиот ровер треба да личи на роботски пајак, а треба да се упати кон Месечината летото 2021 година.
Идејата за роботски пајак за Месечината му припадна на основачот на Spacebit Павел Танасиук додека ја слушал познатата песна на Дејвид Боуви „The Rise and Fall of Ziggy Stardust and The Spiders from Mars“
И како што велат останатото е историја. После многу дизајнирање и конструирање, Спејсбит сега го усовршува својот робот заедно со НАСА, наречен Асагумо (јапонска поговорка за утрински пајак што носи богатство).