Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Volkswagen Golf 8

13.01.2021

Во изминатата 2020 година, „Volkswagen Golf“ повторно е најпродаван автомобил во Европа, со околу 312.000 продадени единици.

Осмата генерација на „Golf“ е исто така избрана за најдобар автомобил во Германија според изборот на магазините „Auto Motor und Sport“, „Auto Bild“ и „Auto Zeitung“.                                           

По претставувањето на крајот на 2019 година, „осумката“ и покрај пандемијата на коронавирусот го зазеде првото место според продажбата на автомобили во Европа и Германија. Во 2020 година, на европскиот пазар биле продадени повеќе од 312.000 примероци, а во Германија 134.000.

Од своето претставување, „Golf 8“ е достапен во сите поважни верзии, заедно со моделите „GTI“, „GTD“ и „GTE“, што му даде посебен „ветер во грб“. Големата побарувачка за хибридните модели исто така придонела за овој успех, а поради тоа, до крајот на годината секој трет продаден „Golf“ бил хибрид, пренесува „Carlander“.

Во Германија, новиот „Golf 8“ е прогласен за најдобар автомобил во компактната класа. На тестовите спроведени од горенаведените магазини, овој модел победил 16 противкандидати.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново