Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

satellite internet elon musk tesla spacex

26.02.2021

Илон Маск, благодарение на својата компанија Старлинк, е сè поблиску до целта која ја постави пред неколку години – интернет од вселената достапен за луѓето во руралните краишта каде било на Земјата.

Тој на својот профил на Твитер откри дека до крајот на оваа година поголемиот дел од нашата планета ќе биде покриен со интернетот на Старлинк, а дека во 2022 нема да има место каде што не доаѓа неговиот сигнал.

Старлинк инаку се состои од сателити лансирани во ниската орбита, а бројот на сателитите кои ја овозможуваат услугата на „вселенскиот интернет“ на корисниците таму каде што нема инфраструктура за друг вид, само ќе се зголемува.

Еден дел од жителите на САД веќе можат да го користат Старлинк интернетот, чија брзина е меѓу 50 и 150 мегабити во секунда.

Маск вети дека набрзо интернет брзината ќе оди и до 300 мегабити во секунда, но квалитетот на услугата сепак ќе зависи и од самата локација на корисникот.

Мите Јаначков

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново