Акционери го предупредуваат менаџментот на компанијата “Apple” да се концентрира на проблемот со детската зависност од мобилни телефони поради стравот дека развојот на технологијата ќе ја уништи младата генерација.

Ако сакате smartwatch, но не и уште еден уред кој треба да го полните, постои решение, а тоа е PowerWatch X кој работи со помош на топлината од телото.

Минатата година Кина затвори околу 128.000 интернет сајтови, кои содржеле нецензурирани или други „штетни” информации, соопшти официјалната државна агенција Синхуа, цитирајќи го националното биро за борба против порнографијата и нелегалните објави.

Дали случајно или намерно, NASA на својата веб-страница четири дена имаше објавено соопштение за можниот судир на астероидот 2002НТ7 со Земјата на 1 февруари 2019 година, па се реши да го отстрани соопштението. Независни експерти велат дека ако до овој потврден судир и од NASA навистина дојде, тогаш на човештвото веројатно ќе му дојде крајот.

Во последно време имавме прилика да видиме доста препири меѓу компаниите Amazon и Google. Изгледа дека Amazon ќе ги преземе наредните чекори во борбата против својот најголем ривал и тоа со удар на најпопуларниот видеосервис YouTube. Amazon поднесе барање за своите нови производи Amazon Tube и Open Tube.

„Тојота“ планира до 2020 година да ја збогати својата палета со 10 модели на целосно електрични возила, што говори за се посериозниот пристап на јапонскиот производител кон овој автомобилски сектор што е во подем.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново