НАСА пронајде сончев систем со планети колку нашиот. Откритието на нова планета близу ѕвездата Кеплер-90, која личи на нашето Сонце, значи дека далечниот сончев систем има вкупно осум планети. Тие осум планети изгледаат како оние во нашето соседство, карпести планети кои орбитираат близу до ѕвезда, и џиновски планети кои се пооддалечени.

Луѓето во светот годинава најмногу сакале да знаат за криптовалутите и како да ги купат, пишува магазинот Inc.

Мистериозно космичко тело го привлече вниманието на астрономите од целиот свет. Објектот, кој доаѓа од другиот дел од галаксијата, патуваше низ сончевиот систем неколку дена. Поради својот необичен изглед и брзина, научниците ќе го гледаат затоа што бараат траги од вонземски живот.

Дури 530 милиони години стар фосил го содржи веројатно најстарото око некогаш откриено, објавиле научниците.

Специјалисти направиле листа на несреќи коишто можат да доведат до уништување на сите живи организми на Земјата. Во првите 5 од овој помалку оптимистички рејтинг, се опасностите кои доаѓаат од вселената, соопшти ToDay News Ufa.

Научници направија прв здрав алкохолен пијалок на светот користејќи тофу. За време на производството на тофу, популарна азиска храна, вишокот сурутка останува како отпад и ја загадува околината.

Поврзани вести

 

Најново