Apple во текот на оваа година би можеле да претстават дури три нови модели на таблети со дијагонала на екран од 9,7 до 12,9 инчи.

Заради снегот и мразот по улиците се фрла сол, што е од помош за расчистување на патиштата, но може да им наштети на автомобилите. Како да се заштитат возилата?

Финскиот производител пред само неколку дена го претстави својот прв смартфон со Android, наречен Nokia 6, кој е интересен модел од средната класа со луксузна алуминиумска изработка, но наменет само за кинескиот пазар.

Следната генерација на Apple iPhone може да дојде со екран од „крај до крај“ односно тој нема да има рамки. Ова ќе стане можно, благодарение на патент за OLED екран, полн со „дупки“.

Новото име на компанијата ќе биде „Алтаба“, а досегашната извршна директорка Мариса Мајер поднесе оставка.

Минатата година сите останавме импресионирани од дебито за време на CES 2016 на Huawei Honor 5X за 199 долари, но сега компанијата успеа да го подобри постигнувањето, нудејќи премуим смартфон со двојна задна камера за евтина цена.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново