Пердуви на ноктите за совршен зимски маникир
Објавено на 27 декември, 2016 во 07:52
Ако сте во потрага за некој поинаков маникир можеби би можело да ве усреќи пердув на ноктите.
После бројните иновации брендот Ciate повторно понуди нешто невообичаено. Доколку веќе не се слушнале за маникир со пердуви ви предлагаме тој да стане ваш совршен зимски маникир.
Креативците на позантиот бренд предлагаат ноктите да ги украсите со пердуви. Во Ciate сетот доаѓаат 40 пердуви,лак,надлак за брзо сушење,2 турпии и ножички за нокти. Достапни се три сета – „Ruffle My Feathers“, „What a Hoot“, „All A Flutter“, а чинат 25 долари. Иако се чини комплицирано за нанесување од Ciate порачуваат дека многу едноставно се аплицираат а се вадат со обичен лак- ацетон.