Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ако не успеавте да го подготвите своето тело за летото и да го израмните стомакот, не грижете се. Стручњаците имаат неколку совети кои ќе ви помогнат без диета и без вежбање да го исправите стомакот.

Прво што треба да направите е да се исправите. Секое исправање ги засега стомачните мускули. Кога ќе се исправите фигурата на телото изгледа поскладно, а стомакот порамен.

Ако сакате рамен стомак внесувајте доволно течности барем осум чаши вода дневно, затоа што во случај на дехидрација организмот ја задржува водата во телото.

Битно е да се води сметка и за исхраната. Оброкот задолжително почнете го со супа, а потоа јадете и доволно овошје и зеленчук. Се советува да се јадат и бадеми и останати јаткасти плодови.

Утрото почнете го со црно кафе затоа што тоа е благ диуретик и ќе се ослободите од вишокот вода. Така ќе спречите надуеност.

Доручкувајте житарици во комбинација со млеко, затоа што минералите кои ги содржи овој доручек (калциум, калиум и магнезиум) го неутрализираат натриумот.

Треба и добро да се џвака храната, а се советува и пробиотик, добри бактерии кои помагаат во регулирање на цревната флора.

Треба и доста да се движите и шетата во текот на денот и да најдете начин да се ослободите од стресот.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново