Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Моделот на женски работни чевли „Боросана“ кои хрватската фабрика Борово почна да ги произведува во 1968 година, по повод одбележување на 50 години од првото производство доживеа пет нови модели кои наскоро ќе се појават на пазарот.

„Постојат обични чевли, а постојат и чевли кои имаат некоја приказна позади нив каков што е случајот и со чевлите „Боросана“ чии нови модели го задржаа дизајнот и обликот, но со нови и поведри бои, како и од поквалитетни материјали“, изјавија од Борово.

Слично како и претходните, новите модели на Борово женските чевли се наменети за жени кои работното време најмногу го минуваат во стоење, односно работнички во производство, хотели, аптеки, продавници итн. Станува збор за анатомски обувки со висина на петата од 4 сантиметри што се смета за идеална висина.

Чевлите овојпат имаат и влошки од модерни материјали што ги прават поудобни за движење. Организаторката на производство во Борово, Јасна Пејиќ, изјави дека за да се произведе еден чифт од чевлите потребни се околу 90 минути со тоа што секој чифт минува низ рацете на околу 30 вработени во фабриката во Вуковар.

„Станува збор за чевли кои содржат околу 30 делови и кои во однос на старите модели на „Боросана“ се дополнително унапредени и подобрени. Се изработуваат рачно и од природни материјали, а на ден се произведуваат околу 250 чифта “, додава Пејиќ.

Работничките од фабриката велат дека работата е релативно тешка, но работните операции со текот на времето се совладуваат.

Според податоците од фабриката, во првите години кога почнале да ги произведуваат овие чевли, дневно се изработувале околу 1.200 чифта, со тоа што во првата година биле произведени 200.000 чифта од култните чевли. Во текот на 1970-тите години, производството дошло и до број од 500.000 чифта чевли годишно.

Поврзани вести

Web banner Duma Izvorska Izvor na 300x250px 01

Screenshot 2

52407849 472689196598964 4414210414364065792 n

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има
потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/04/2019 година.