Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

moda fin

6.05. 2020
Преку мобилните апликации ќе ви биде достапна целокупната модна индустрија. На клик или два ќе дознаете се што ве интересира, што моментално е модерно, но и она што ќе биде во тренд.
Модната апликација ќе ви помогне да најдете заеднички парчиња, а можете да се забавувате, играте и да направите своја селекција на облеката. Се зависи од тоа која апликација ќе ја инсталирате.
Еве кои се најпопуларните:

LIKE TO KNOW IT
Можеби веќе сте слушнале за оваа аплиакција и сте имале прилика да ја користите. Иако не е целосно прилагодена на шопинг, апликацијата „Like to Know It“ и понатаму е најдобар начин да ги пронајдете вашите омилени парчиња облека кои ги гледате на Инстаграм. Кога ќе се вклучите и ќе го внесете вашиот меил, секој Инстаграм налог кој го има линкот за шопинг и кој ќе го изберете ќе ви испрати линкови на кои може да купите она што го сакате. Можеби не е така едноставно но е брз начин било која инфлуенсерка која ви се допаѓа како се облекува да ја ставите во вашата сопствена шопинг листа.

THE HUNT
Доколку некогаш сте виделе фотографија од модна комбинација која во истиот момент ви се допаднала, но не знаете како да дојдете до парчињата на таа комбинација, во тој случај сајтот The Hunt е за вас. Сајтот им овозможува на своите корисници да постават фотографија со модни комбинации и во тој момент да „започнат со лов“. Во тој лов може да им помогнат и други корисници. Кој прв ќе ја препознае облеката или акцесоарот, ви испраќа линк каде може да се купи, но помошни алтернативи каде може да се пронајде.

WISHI
Со оваа апликација ќе имате достапен стилист 24 часа дневно. Тоа е она што апликацијата Wish ви го нуди, што е навистина одлична работа. Прво што треба да направите е да пополните прашалник на основа на што оваа апликација ви наоѓа стилист кој најдобро вам би ви одговарал. Избраниот стилист ви испраќа предлози за купување, на тој начин многу едноставно ќе може да направите шик модни комбинации. Зад оваа апликација стои Карла Велиќ, една од најпознатите холивудски стилисти, во тој случај може да се опуштите затоа што знаете дека сте во добри раце.

DREST
Дури и кога не сте фан на видео игри ова најверојатно многу ќе ви се допадне. Интерактивна гејминг апликација за љубителите на модата, изминатиот период е многу актуелна. Аплиакцијата Drest е како една игрите од вашето детство, само наменета за возрасни. Кога ќе си направите свој модел можете да го облекувате што ќе посакате, а тие исти работи може да ги купите на платформата Fartetch. Оваа забава се смета за една од најлуксузните модни брендови.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново