Пред да сe упатите кон фризерскиот салон обидете се да ја опоравите косата.

Лудата боја на коса е скриена желба на бројни девојки кои не така лесно се одлучуваат на толку голема промена на изгледот.

Сакате да го почувствувате лицето свежо, чисто и совршено? Домашна маска за лице со пиво е вашето решение.

Со промените на сезоните се менува и негата на кожата. Кожата во зима бара посебно нега а важно е секогаш да е хидрирана. Ви откриваме како правилно да се негува кожата за таа да биде здрава и сјајна.

Студот и ветрот лесно ја сушат кожата поради што рацете стануваат груби.Ако не ги негувате правилно кожата на рацете ќе стане уште пооштетена и погруба.

Парфемот се нанесува на 12 точки на човечкото тело, на местата каде што може да се почувствува пулсот со вашите прсти. Тоа се :

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново