Свежите сливи се најсилен антиоксиданс
Нутриционистите потврдуваат дека на врвот на листата од 24 вида на овошје, со најсилно антиоксидативно делување, се наоѓа токму сливата. Сувата слива во однос на друго суво овошје има двоструко поголема антиоксидативна моќ.
Во составот на сувите сливи се наоѓа концентриран сорбитол и влакна, кои им даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи.
Но затоа свежите и сувите сливи преставуваат вистинско мало богатство на калиум, влакна, витамини, а во траги може да се најде магнезиум и железо. Во било кој облик ова овошје е богато со единствени фитонутриенти, како и со неохлорогенска и хлорогенска киселина. Ова супстанца припаѓа во фамилија на фенолите, чија што антиоксидативна улога е потврдена во различни научни истражувања. Во 100 грама сливи има дури 87 грама вода и единаесет грама јаглени хидрати. Од витамини има најмногу Ц и Е, бетакаротен, фосфор, магнезиум, натриум.
За утринскиот појадок може да се направи овошен јогурт со сливи, така што во обичниот јогурт додадете исечкани и излупени сливи и мед по Ваша желба. А доколку сами го печете леб од рж, во подготвената смеса треба да додадете и до пола испечени сливи во рерната. Вака подготвениот ржан леб е благ, вкусен и здрав.
При купувањето на сливи треба да водите сметка плодовите да бидат цврсти, неоштетени и да имаат дршка. Површината треба да биде малку замаглена, што е показател дека со сливата добро се постапувало. Имајќи во предвид дека брзо дозреваат, во фрижидерот можат да се чуваат најмногу три дена. Треба да бидат одвоени во кеса од хартија, затоа што додека дозреваат ослободуваат етилен, кој го забрзува дозревање на останатото овошје и зеленчук кое се наоѓа во фрижидерот. Освен тоа , извадените од фрижидер треба извесно време да поседат на собна температура, затоа што на тој начин им се враќа максимумот на сочноста и благиот вкус.
Замрзнатите сливи, по правило, можат да се чуваат во ладилникот, најдолго три месеци. Пред да ги ставите во ладилникот треба да се сечат на пола и да им се извади семката. Така сечени на пола, сливите се редат во чинијата со кожата на долу, па тогаш се замрзнуваат. Потоа се ставаат во пластични кеси и повторно се враќаат во ладилникот.