Храна која ќе го смири осетливиот желудник
Во случај на гастроентеритис, откако повраќањето ќе престане треба полека да воведувате цврста храна – прво јадете пире од банана, потоа ориз, а потоа јаболко па конечно тост.
Пире од банана
Бананите се добар избор на хранливи материи, посебно електролити како што е калиумот. Многу луѓе сметаат дека е прилично тешка, но бананата може да делува смирувачки. Сепак, подобро е да јадете пире од банана бидејќи полесно се вари. Ваквиот обок дава доволно енергија во периодот кога осетливоста се смирува.
Ориз готвен на пареа
Оризот без зачин ќе делува смирувачки на празен желудник. Ќе го намали чуството на гадење и ќе го спречи негативното дејство на желудочната киселина. Малите количина на ориз треба да ги конзумирате секогаш но во исто време.
Јаболко или јаболков сок
Богати се со влакна, пектином и фруктоза, па пружаат доволно хранливи супстанции додека избегнувате друга потешка храна. Меѓутоа, јаболката не се доволно хранливи во текот на осетливиот период или на долг период. Изренданите јаболка или свежиот сок полесно е да се свари.
Обичен тост или двопек
Тостот од бело или интегрално брашно или двопекот е добар кога во прашање е осетливиот желудник. Лебот со полни зрна треба да се избегнува напочетокот затоа што тешко се вари, и создава непријатно чуство. Не ставајте путер или маргарин затоа што може да го надразни желудникот особено после пролив.
Бистра супа
Проценете колку течност ви е потребна, така што во неа нема да има зеленчук, месо или тестенини. Конзумирајте ја само течноста. Избегнувајте многу зачинета супа или состојки со јак мирис.
Свеж јогурт
Незасладениот јогурт добро го поднесуваат повеќето луѓе, а може да има и смирувачко дејство. Но, јоуртот може да биде проблем за лицата кои не поднесуваат лактоза. Овој вид нетолеранција на лактоза се развива после пролив со што јогуртот може да ги иритира цревата. Но дејството е краткотрајно.
Газирана вода
Добра е и обична, но газираната вода сепак има некои предности. Може да ви помогне при подждригнување или олеснување на варењето на храната. Накратко, јаглеродниот диоксид може да го забрза празнењето на желудникот и да ја испере желудочната киселина која можеби се нашла во хранопроводот.