Кои семиња и јаткасти плодови се корисни за крвната група О
Бадеми,содржат голема количина Витамин Е. Витаминот Е е антиоксиданс одговорен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и за одржување на здрави очи и кожа.
Со конзумирање на една рака бадеми дневно, околу 30 грама, за ужина, можете делумно да ги задоволите дневните потреби од горенаведените витамини и минерали, осбено Витаминот Е, потоа железо, протеини и растителни влакна.
Лененото семе има силно антиканцерогено дејство, штити од срцеви заболувања, мозочен удар и тромбоза, го намалува нивото на холестерол и висок притисок.
Ореви, особено се богати со минерали, како манганот, кој го поседуваат во огромна количина, потоа витамин Б1, Б6, како и фолна киселина.
Семки од тиква, извонреден извор на минералот цинк, кој пак е од огромна важност за простата кај мажите, потоа, манган, магнезиум, фосфор, железо, витамини од Б групата, протеини, но и маснотии, од кои околу една петина се заситени.