Што повеќе убива, мастите или шеќерот?
Нови тврдења кои доаѓаат од британски кардиолог ја збунија јавноста. Имено тој ги демантира тврдењата дека мастите ги затнуваат артериите и го зголемуваат ризикот од болести на срцето. Тој тврди дека полномасните производи се добри за здравјето и штитат од некои болести, а шеќерот е најголемиот непријател за човечкото здравје.
Кардиологот Асим Малотра вели дека постојат бројни докази кои покажуваат дека мастите не само што не нè доведуваат до срцеви проблеми, туку исхраната која вклучува полномасни млечни производи штити од срцеви болести и дијабетес тип 2.
Доктор Малотра ги охрабрува своите пациенти да консумираат масти, а да ги избегнуваат производите коишто имаат мала содржина на масти.
– Им советувам да јадат полномасни производи и продукти кои содржат заситени масти. Кога покрај тоа ќе им кажам да стојат понастрана од сè што наводно го намалува холестеролот, ме гледаат со отворена уста – вели кардиологот.
Тој објаснува дека сите производи кои наводно го намалуваат холестеролот го зголемуваа ризикот од срцеви болести и додава дека мастите не се виновник за дебелината.
– Ги избегнував полномасните производи, тренирав, но сеедно имав сало на стомакот. Тогаш почнав да го истражувам влијанието на мастите на здравјето – вели Малотра.
Доктор Малотра тврди дека најголема опасност по здравјето е шеќерот, а професорот по педијатрија Роберт Лустинг, кој исто така ја истражувал оваа тема, вели дек производите коишто содржат шеќер би требало да имаат истакнато предупредување како што имаат некои алкохолни пијалаци.
Во прилог на тоа зборови и фактот дека околу 23 отсто од популацијата во Шведска се придржува на режимот на исхрана кој подразбира полномасни производи и консумирање што помалку јаглехидрати.
Шведскиот физијатар д-р Андреас Енфелдт вели дека многумина мислат дека тоа е „темпирана бомба, но додека секаде во светот има се повеќе дебели, стапката на дебелина во таа држава постепено се намалува“. Истражувањата на Шведскиот совет покажале дека токму таквиот режим на исхрана е најдобар не само за елиминирање на килограмите, туку и дека на тој начин се намалува риизкот од заболување од кардиоваскуларни болести кај дебелите.