Зошто не треба да пиеме кафе навечер?
Многумина уживаат после работното време да отидат со друштвото на кафе или пак да пијат во сопствениот дом одмарајќи се од напорниот ден. Меѓутоа, оваа навика може да биде многу лоша за оние кои страдаат од несоница или имаат други проблеми со спиењето и секое утро се будат ненаспани.
Повеќе истражувачи тврдат дека ако испиете кафе дури и шест часа пред спиење, тоа може да ви го скрати ноќниот одмор за цел час, а да не бидете свесни за тоа.Ако испиете шолја кафе половина час пред спиење, ќе ви биде потребно повеќе време за да заспиете. Со самото тоа вашиот одмор ќе биде пократок, но и помалку квалитетен, зашто вашиот мозок нема да успее да потоне во доволно длабок сон кој му е повеќе од потребен.
Ова важи и за кафето испиено доцна попладне, така што, без оглед на одличните ефекти што ги има кафето на нашиот организам, мораме да внимаваме кога и колку ќе го консумираме овој црн напиток.