Треба ли да јадете пред вежбање?
Пред да почнете со вежбање, потребно е мускулите да ги снабдите со сите потребни состојки, со што ќе ги превенирате несаканите последици како запаление, грчеви или намалена мускулна маса, бидејќи за време на тренингот телото ќе ги троши енергетските залихи токму од мускулите.
Доколку не консумирате оброк пред тренингот, нема да успеете да го намалите масното поткожно ткиво. За тоа вам ви се потребни редовни аеробни (кардио) вежби како што се трчањето и пливањето, односно зголемена физичка активност која ќе доведе до значајно забрзување на пулсот и потење. Со побрз проток на крв во организмот, телото ги користи масните ткива за енергија, а со потењето дополнително ги излачувате токсините. Всушност, на тој начин ја забрзувате размената на материите во клетките.
Овошје
Овошјето е неопходен дел во исхраната на спортистите. Тоа претставува скапоцен извор на витамини и јаглехидрати, односно есенцијални шеќери кои му се потребни на нашиот организам. Консумацијата на вода исто така ги проширува вените, со што го намалува крвниот притисок.
Јаглехидрати
Извонреден избор на храна која треба да се консумира пред тренинг се интегрални тестенини и ориз, јаткасти плодови, маслинки, соја, млечни помалку масни производи, зеленчук (зелена салата, краставици, карфиол, домати, брокула), како и веќе споменатото овошје.
Не вежбајте непосредно после оброкот
Кога сте внесле храна во организмот, не значи дека во истиот момент сте спремни за тренинг. Храната треба да се свари и да стигне до крвотокот, преку кој стигнува и до вашите мускули. За да се доврши овој процес до крај, потребен е временски период од час и половина до два часа. Почекајте варењето да ги извлече сите корисни материи од храната.