Тивки убијци кои ги има околу нас
Британскиот Телеграф пренесува резултати од истражувања направени од научници од престижни здравствени установи во кои се наведува дека освежувачите на простории и средствата за чистење се тивки убијци. Откриено дека предизвикуваат или допринесуваат во дури 99.000 смртни случаеви годишно во Европа.
Научниците предупредија и дека лошиот квалитет на воздухот во домот допринесува за неисправни уреди, спрејови, освежувачи, различни производи за чистење, но и средства за лична хигиена, бидејќи се преполни со хемикалии кои лесно испрауваат и завршуваат во белите дробови.
“Доколку бремена жена престојува во просторија во која се наоѓа ваков загаден воздух, тоа може да има негативни ефекти врз развојот на фетусот, посебно на белите дробови и бубрезите на детето, може да биде предизвикан и спонтан абортус, срцеви и мозочни удари кај постарите лица, а поврзано е и со астма, дијабетис, деменција, дебелина, како и малигни заболувања”, се наведува во извештајот од направените истражувања.