Ајдучка трева : Штити,негува и ја заздравува кожата
Ајдучка трева во народот позната и како столисник и романтика,одамна е сместена во редот на највредни лековити билки. Името ајдучка го добила по ајдуците кои со неа ги лечеле своите рани.
Нејзиното латинско име Achillea millefolium се поврзува со грчкиот јунак Ахил кој како учен човек во тројанската војна исто така ја користел за лекување на раните. Ахиловото име го добила и поради неговата голема сила бидејќи и самата таа многу силно делува.
Особено е важна во лечење на неуредни и нередовни менструации кај млади жени,отстранува непријатни симптоми ви климактериум но и подоцна кога жените ќе влезат во постари години.
За лечење на воспаление на матката и јајниците
Измешајте по три лажици ајдучка трева и кантарион,по 2 лажици коприва,невен,иван цвеќе,мелен орев,мајчина душичка,босилек и камилица и по една лажица маточина и мацина трева. Добиената мешавина се прелева со најмалку 600 мл до литар зовриена водам,се остава да отстои поклопено два часа а потоа се процедува и пие три пати по една шолја голтка по голтка. Чајот може да се заслади,може да се пие топол и ладен со тоа што ако се пие топол предизвикува потење. За да се постигне посакуваниот ефект ,чајот би требало да се пие најмалку три недели со дополнително користење на кантарионово масло- три пати на ден по 30 капки со малку вода.