Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Сите оние кои сакаат да ги намалат килограмите и да имаат совршена фигура треба да внимаваат на исхраната. Прочитајте кои намирници ќе ви дадат повеќе сила.

Сок од цвекло за сила

Неодамнешни истражувања покажале дека цвеклото е можеби подобро за енергија отколку кофеин или било кој друг производ. За да имате повеќе енергија, почесто консумирајте сок од цвекло.

Боровинка за ублажување на воспаление

Едно неодамна направено истражување открило дека боровинката го ублажува воспалението. Се покажало дека таа го зголемува бројот на бели крвни зрнца, кои играат важна улога во имунитетот.

Цреши против болки и враќање на силата

Научниците откриле дека сок од цреша има значителен ефект врз смалувањето на болката. Освен тоа, откриено е дека со помош на црешите, силата се враќа побрзо во телото.

Лубеница за ублажување на болката во мускулите

Шпански научници откриле дека сокот од лубеница ја ублажува болката во мускулите ако се испие половина литар еден час пред вежбање. За ова е заслужен цитрулинот, природна супстанција која се наоѓа во лубеницата и која го подобрува функционирањето на артериите и го смалува крвниот притисок. Кога јадете лубеница, гризнете малку од белиот дел, бидејќи во него има најмногу цитрулин.

Калинка за обновување на силата на мускулите

Антиоксидансите од калинката се поврзани со подобрување на памтењето и мозочните активности, а истражувачи од Тексас неодамна откриле дека го подобруваат и обновувањето на мускулите. Вметнете малку во вашата салата и тоа ќе биде сосема доволно.

Мед за издржливост

Истражување спроведено во Мемфис открило дека консумирање на мед пред вежбање обезбедува “гориво” така што го регулира нивото на шеќер во крвта и нивото на инсулин во текот на подолг период. Овој природен засладувач дава сила, брзина и ја подобрува издржливоста.

Црното чоколадо го намалува стресот

Голем број на студии истакнуваат безброј корисни работи од црното чоколадо, а едно ново истражување открило и покажало дека црното чоколадо го подигнува нивото на антиоксиданси во крвта и го смалува стресот стекнат со вежбањето. Ако редовно вежбате, сек ден јадете по неколку коцки чоколадо.

Кафе за енергија во текот на целиот ден

Една нова студија открила дека гликогенот, телесен еквивалент на јаглени хидрати, побрзо се обновува ако луѓето пијат кафе и внесуваат јаглени хидрати после тренинг. Ако го практикувате тоа, следниот пат ќе можете да вежбате подолго.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново