Намалете ги мастите во телото со две состојки
Објавено на 19 март, 2016 во 09:02
На диета или едоставно само сте имале обилни оброци и сакате да го исчистите телото од маснотиите? Со само две состојки, лимон и целер, се прави едноставен пијалак кој ќе ви помогне во ова.
Рецепт за пијалок од лимон и целер
состојки:
400 гр целер
1 кг лимон
Постапка:
Прво нарендајте 400 грама корен од целер. Додадете го во 2 литри вода и во тоа нарендајте малку кора од лимон. Гответе 20 минути, а потоа оставете да се излади 5-6 часа. Исцедете 1 кг лимон и додадете го во водата со ренданиот целер. Процедете ја течноста низ сито и прелијте во стаклено шише.
Овој пијалок морате да го консумирате пред јадење три пати на ден. Пијте околу 1 дл, а можете и да го разблажите со вода. Пијалакот мора да се чува исклучиво во фрижидер.