ПМС диета
Објавено на 26 март, 2016 во 07:53
Појадувајте
Комбинацијата на протеини и јагленохдрати како што се путер од кикирики и кифла или јајца со интегрален тостќе ве спаси од мачните моменти.
Јадете лосос и ореви
Тие содржат големи количини на состојки познати под името омега 3 масни киселини,кои ги стабилизираат хормоналните пореметувања заслужни за ПМС симптомите. Потрудете се да јадете нешто од ова еден ден пред менструација. Други извори на омега 3 масни киселини се риба и спанаќ.
Намалете го кофеинот.
Тој го зголемува нивото на хормони кои го предизвикуваат стресот а дополнителен стрес е последно што ви треба тие денови.
Земајте магнезиум
Овој минерал има смирувачки ефект и ја неутрализира нервозата. Интегралните житарки се преполни но користете го и во вид на таблети.