Започнете го денот со здрава напивка
Подобро и поздрава алтернатива на почнување на денот наместо кафе , е топла чаша вода со лимон.
Со оваа напивка ќе помогнете за детоксикација на организмот. Киселоста на лимонот помага на телото да го врати својот природен PH баланс. Комбинацијата лимон и топла вода го буди црниот дроб и поттикнува исфрлање на токсините од телото.
Овој едноставен напиток го буди и стимулира дигестивниот систем така што помага цревата повеќе да апсорбираат нутритивни состојки од храната и овозможува храната полесно да проаѓа низ телото.
Лимонот содржи пектин, за кој е докажан дека помага во губење на вишокот килограми.
Доколку си легнете со полн стомак, може да осетите тегоби наутро. Топлата вода ќе помогне во чистење на вашиот систем, а лимонот во постигнување на баланс во желудникот.