Што треба да јадете во текот на денот?
Храната што ја јадеме влијае на нашето расположение и ниво на енергија, како и на нашиот сон. Значи, кога сакате да бидете концентрирани, треба да јадете една храна, а кога сакате да спиете – друга.
7 наутро – најадете се
Јадете во период од еден час после станување.Но, потрудете се тоа да бидат протеини, јаглехидрати и масти за да ве заситат. Јадете овесна каша со путер од кикиритки или некое овошје или тост со сирење и домат.
9 наутро – концентрирајте се на работата
Кафето ќе ве одржува будни и концентрирани, само немојте да претерувате – препорачливи се три шолји кафе во текот на целиот ден. Ако не сакате кафе, испијте зелен чај.
11 наутро -цел: избегнувајте слатки
Наместо да изедете некои колачи и да го залажете гладот, изедете кисело млеко зошто содржи протеини и ќе го залажи гладот.
1 после пладне – цел: ослободете се од стресот за време на ручек
Јадете салата од спанаќ и тиквички па одете на пауза за ручек. Овој зеленчук ви обезбедува витамин Б6, кој помага во создавање на невротрансмитерите кои се одговорни за контролирање на однесувањето.
5 попладне -цел: полнење на батерии за вежбање
Внесете јагленохидрати, за да имате енергија, а нема да го вознемират вашиот стомак. Јогуртот и овошјето се совршени за тоа.
7 навечер – цел: лесна вечера
Со вечерата јадете лути пиперки кои ќе ве загреат и ќе го забрзаат вашиот метаболизам, а ќе го контролираат и апетитот. Во вечерата ставете повеќе зачини. Јадењето со помалку масти повеќе годи. Зачините допринесуваат за вкусот, а не се калорични.
10 навечер – време за спиење
Ако имате проблем со сонот, прво размислете дали сте гладни. Изедете нешто што содржи јаглени хидрати, зошто тие го поттикнуваат триптофанот, аминокиселина која влијае врз спиењето.