Вкусни и здрави десерти
Објавено на 30 март, 2016 во 07:11
Постојат здрави варијанти на десерт од високо калоричните слатки и колачи.
Овошна салата – Банани,јаболка,круши се одлична комбинација. Можете да им додадете јогурт или лимонов сок. .
Овошје во чоколада – Направете вкусен десерт од овошје и темно чоколадо. Чоколадата растопете ја и своето омилено овошје натопете го во неа.
Печени јаболка – Отстранете ја средината на јаболката и наполнете ја со иситнето костенливо овошје или нешто друго по желба. Додајте малку путер и шеќер,загрејте ја рерната на 175 степени,и печете ги јаболката 15 минути.
Замрзнат јогурт – Ако ви се јаде сладолед,одлучете се за замрзнат јогурт. Додадете му иситнето овошје,малку ванила или цимет и оставете да замрзне. Има помалку калории од сладоледот и емногу вкусен.