Здравствените придобивки на сокот од домати
Сокот од домати е богат со витамините Ц, Б и К, како и со минералните соли (калиум, натриум, магнезиум, калциум и железо) и секако влегува во здрава храна.
Сокот од домати може да го подобри вашето здравје на неколку начини.Ликопенот кој се наоѓа во доматот, обезбедува заштита од појавата на артеросклероза, инфаркт и ја подобрува скоро целосната состојба на организмот. Особено е значаен во заштитата од малигните болести и може да спречи појава на рак на желудникот, дебелото црево, простатата, грлото на матката.
Лековитите својства на сокот од домати се гледаат во тоа што тој го регулира метаболизмот, ја зајакнува отпорноста и ги исфрла вишокот на течности од организмот, го намалува крвниот притисок (ако не се стави сол), ја подобрува крвната слика, го регулира варењето, има позитивен ефект врз црниот дроб, панкреасот како и при реума. Сокот од домати треба да се користи и при умор, затоа што го закрепнува и чисти организмот, а и го ослободува телото од непријатни мириси. Исто така е добар како природен лек од превремено стареење, кашлица, белодробни заболувања и болести на уринарните органи.
Кога сокот од домати се употребува како лек, потребно е дневно да се пие најмалку 2дл свежо припремен сок. Ако се лечи анемија или ако се работи за нагло губење на крв, потребно е да се зголеми дневниот внес на сокот од домати.