Бојата на храната не е случајна
Портокаловите производи позитивно делуваат на имунитетот додека црвените ја победуваат слабокрвноста. Секое овошје и зеленчук има свои посебни својства и поволности врз човечкиот организам затоа нутриционистите препорачуваат секој оброк да биде разновиден.
Жолта храна за расположение
Жолтата храна е решение за стресот бидејќи на телото му ја враќа потребната енергија. Од тие причини, кога сте под стрес, јадете банани и ананас. Покрај ова, жолтата храна позитивно влијае на варењето на храната, еластичноста и свежината на кожата.
Зелена храна за смирување
Зелените произоди не чуваат од најсмртоносните болести, а познато е дека зелената боја има смирувачки дејства. Зелениот зеленчук како марула, краставица, тиквички, брокула, спанаќ, зелка содржи многу железо, минерали и витамини, а со тоа позитивно влијае на видот, забите и коските, не дебелее и содржи минимални калории.
Виолетова храна против стареење
Сината или темновиолетовата храна, како грозјето, модрите патлиџани, сливите, виолетовата зелка, влијае против стареењето и го подобрува помнењето. Го забрзува и процесот за побрзо излачување на урината и ги намалува ризиците за тумор и срцеви заболувања.
Портокалова храна за тен
Портокаловата боја ја подобрува дигестијата. Се препорачува секојдневно да консумирате по еден морков или по оброкот да земете портокал, мандарина, диња или праска. Портокаловото овошје и зеленчук позитивно влијае на имунитетот, видот и кожата, а го намалува ризикот од тумор и кардиоваскуларни болести.
Црвена храна ја зајакнува крвта
Црвените производи се симбол за “вечна младост”. Единствено негативно што може да се каже за нив е дека не не заситуваат и за кратко остануваме гладни. Од друга страна, продукти со оваа боја го зајакнуваат имунитетот и крвта.